189
Барселона го промовираше Дани Олмо како ново засилување, но тој уште не е регистриран и не може да настапува на официјални натпревари.
„Кадена СЕР“ пишува дека Барса во моментов не може да го регистрира Дани Олмо и неизвесно е кога ќе може.
Клубот може да регистрира нови фудбалери само откако ќе продаде од своите играчи.
Дел од играчите кои Барселона сака да ги продаде, тие не сакаат да си одат, па неизвесно е како и кога некој ќе си замине од клубот.