Ајакс изненади со изборот на тренер, ангажира 35-годишник кој учеше од Де Зерби

by 24 фудбал
1 минути читање

Славниот холандски клуб Ајакс го одбра новиот тренер, а многумина се изненадени од изборот.

Станува збор за младиот италијански стручњак Франческо Фариоли, кој оваа сезона работеше во Ница со солиден успех. Иако има само 35 години, тој од 2021 година веќе има активна самостојна кариера. Фариоли тргна во Турција на клупата на Фатих Карагумрук, а потоа ја водеше Аланијаспор до 2023 година. Изминатата сезона со Ница финишира на петтата позиција, откако долго во сезоната беше во трка за Лигата на шампионите.

Инаку, во тренерските води Франческо Фариоли влезе како тренер на голманите во ниските и младинските лиги на Италија и Катар. По повик на Роберто Де Зерби се врати на „чизмата“ и соработуваа во Беневенто и Сасуоло до 2020 година.

Сега Фариоли во Ајакс ќе има тешка задача, да ја врати стабилноста на клубот по една навистина турбулентна сезона. „Копјаниците“ оваа кампања едно време беа на дното на табелата, а потоа успеаа да се кренат и стигнаа до петтата позиција на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани