Арсенал со минимална победа во дербито остана во игра за титулата до последното коло (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Арсенал слаеше во дербито против Манчестер Јунајтед со минимални 0:1 и така ја остави трката за шампионската титула во Премиер лигата отворена до последното коло.

Со оглед на формата во која игра Манчестер Јунајтед, Арсенал влезе како фаворит во натпреварот, но на теренот избраниците на Микел Артета и не беа така доминантни.

Моментот на одлука се случи во 20-тата минута кога Тросар на асистенција на Хаверц ја погоди мрежата и го отвори резултатот. Иако имаше по некоја сериозна прилика и на двете страни, резултатот не се промени.

На табелата Арсенал има 86 бода, Манчестер Сити 85 меѓутоа „граѓаните“ се и со натпревар помалку, па така имаат се во свои раце.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани