Ристовски до навивачите на Ријека: Не ве мразам, но ја загубив сета почит за вас! (ФОТО)

by riste
8 минути читање

Динамо Загреб синоќа го доби големото дерби против Риека, а Стефан Ристовски во текот на целиот меч трпеше навреди од домашните навивачи.

Како поранешен нивни играч, кој подоцна го облече дресот на Динамо Загреб, Ристовски е омразен меѓу навивачите на Риека, но тие вчера ги поминаа сите граници.

Македонецот добиваше свирежи на секој допир со топката, а добиваше и тешки навреди. Навивачите на Ријека често упатуваа пцовки за мајка му која од неодамна е почината. Тоа Ристовски посебно го погоди, па по мечот имаше специјален пост на инстаграм за фановите на Риека.

„Не ве мразам, но ја загубивте сета моја почит. Семејството е над фудбалот. Над сѐ“, напиша Ристовски и стави хаштаг #zatebemajko.

Со вчерашната победа над Риека, Динамо Загреб е на чекор до шампионската титула во Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани