Реал и Баерн во битка за вториот билет за „Вембли“

by Иван
1 минути читање

Фудбалерите на Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се борат за второто финално место во Лигата на шампионите. Откако на „Алијанц Арената“ беше 2-2, патникот во мечот за трофејот во Лондон ќе се бара на „Сантијаго Бернабеу“. Нема сомнеж дека полните трибини ќе бидат стимул повеќе за мадриѓани, а со тоа и баварците ќе имаат тешка задача.

Првиот натпревар даде показател за како стојат работите. Реал мудро, исто како и против Манчестер Сити не се залетуваше и чекаше свои шанси, а и ги дочека. Од друга страна, Баерн се наметна и повеќе креираше, меѓутоа немаше сили за да го добие домашниот меч и мора по потешкиот пат да побара билет за „Вембли“.

Во таборот на баварците во однос на првиот меч ќе изостане Гереро кој се повреди, додека подготвени ќе бидат Сане, Гнабри, Мусиала, Де Лихт, Упамекано… Кај „кралевите“ пак, се враќа Дани Карвахал, а го нема Алаба.

Пресметката во Мадрид се игра во терминот од 21:00 часот, веројатно повторно ќе понуди погодоци, а двата тима имаат шанси за финале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани