Ѕвездата на Борусија Дортмунд стана хит, не го знае првиот човек на светскиот фудбал

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, стана главна тема на американските медиуми по натпреварот против Улсан, не поради играта туку поради искрената изјава на прес-конференција.

Новинарите го прашаа дали му било возбудливо што настапил пред претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, кои беа на трибините, но Адејеми ги шокираше со одговорот:

Да бидам искрен, не знам кои се тие луѓе. Многу лошо паметам имиња, нека ми простат“, изјави Германецот со насмевка.

Изјавата предизвика мешавина од смеа и неверување, бидејќи сепак се работи за највисоки личности во светскиот и американскиот политичко-спортски врв.

Борусија на теренот си ја заврши задачата со голот на Мукоко ја победи Улсан со 1-0 и како првопласирана во групата Ф се пласираше во осминафиналето на Светското клупско првенство, каде ќе игра против Монтереј од Мексико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×