Арсенал е на чекор до ангажман на Мартин Зубименди во зделка вредна околу 70 милиони евра, „топчиите“ ќе платат повеќе од откупната клаузула на играчот со цел сумата да биде распределена на три рати.
Клубот од Северен Лондон ќе ја добие битката за потписот на Мартин Зубименди и покрај тоа што Чаби Алонсо побара фудбалерот од средниот ред да му се придружи во Реал Мадрид.
Медиумите од Шпанија пишуваат дека се пеглаат последните детали и објавија дека „топчиите“ ќе платат околу 70 милиони евра, и покрај тоа што откупната клаузула на играчот е 60 милиони евра.
Арсенал се решил на еден ваков чекор за да може сумата да ја распредели на три работи и помалку да го оптовари буџетот.
Доколку „топчиите“ ја активираа откупната клаузула, целата сума од 60 милиони евра треба да биде платена веднаш.