Жоао Феликс можеби нема да биде регистриран за настап во Лигата на шампионите, Мудрик и Енцо имаат предност

by
1 минути читање

Листата на Челси во моментов за фудбалери кои сезонава играат во ЛШ брои 24 од можни 25. Едното место го ослободи Жоржињо. Се очекува од составот да отпаднат и Закарија кој не игра многу, како и Зијеш кој требаше да замине во ПСЖ.

Двајца сигурни кои ќе бидат ставени на списокот се Михаило Мудрик и Енцо Фернандез. Клубот плати огромни пари за нив, па тие двајца сигурно нема да извисат.

Ќе остане уште едно место, а за него веројатно ќе конкурираат Жоао Феликс и Бадиашил.

Бадиашил беше стартер за Челси во дефанзивата на последните два натпревари од Премиерлигата. Тој факт, како и фактот што игра на различна позиција од Мудрик и Енцо Фернандез, му дава предност пред Жоао Феликс.

Челси списокот со 25 фудбалерите мора да го прати денеска до полноќ. Наскоро ќе се знае за кого нема да има место во составот за Лигата на шампионите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани