Жоао Феликс: Многу добро ми е во Челси, но не зависи од мене дали ќе останам

by
1 минути читање

Фудбалерот вели дека му е добро во Челси, но за да остане двата клуба треба да постигнат договор на лето.

„Се чувствувам многу добро во Челси, го сакам клубот. Нема опција за откуп во договорот, па за да ме задржат ќе треба да се договорат со Атлетико“, вели Феликс.

„Челси е топ клуб. Лесно ми беше да се адаптирам, веднаш зборував со Потер, беше многу позитивно. Енцо Фернандез исто многу брзо се адаптираше, тој вреди 121 милиони евра и топ талент“.

„Не знам дали мојата приказна со Атлетико Мадрид е завршена. Ќе дознаеме за тоа на лето, но не жалам што потпишав за нив“.

„Жил Марин (Извршниот директор на Атлетико) отсекогаш многу ми верувал, тој ме гледа како надеж за иднината на Атлетико. Ќе видиме“.

Жоао Феликс е единствениот фудбалер кој Бенфика го продаде поскапо од Енцо Фернандез.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×