Грем Потер го
доби и четвртото ново име овој месец, Жоао Феликс му се приклучи на клубот од
Стемфорд Бриџ.
Португалецот го
обнови договорот со Атлетико Мадрид до јуни 2027 година и се преселе во Челси
на позајмица до крајот на сезоната.
Детали од
зделката не беа откриени, претходно се пишуваше дека „сините“ ќе платат 11
милиони евра, во целост ќе ја покријат платата на фудбалерот и нема да добијат
опција за перманентен трансфер.
„Челси е еден од
најголемите клубови во светот, среќен сум што пристигнав тука и со нетрпение
чекам да играм на Стемфорд Бриџ“ – рече Жоао Феликс, кој го одбра дресот со
бројот 11.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.