Знаете ли кој клуб ќе има најмногу фудбалери на СП?

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити ќе биде клубот со најмногу претставници на Светското првенство.

Дури 19 негови фудбалери се најдоа на списоците на своите репрезентации. Англискиот гигант го надмина рекордот на Баерн Минхен од Мундијалот во Катар 2022, кога баварскиот состав имаше 17 репрезентативци. Интересно е што и во 2018 година токму Сити беше клубот со најголем број учесници на Светското првенство.

Во редовите на „граѓаните“ се наоѓаат бројни светски ѕвезди како Ерлинг Халанд, Родри, Бернардо Силва, Рубен Дијаш, Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ, кои ќе настапат за своите селекции на завршниот турнир во САД, Канада и Мексико. Овој податок уште еднаш потврдува дека Манчестер Сити располага со еден од најквалитетните и најмоќни состави во светскиот фудбал.

На второто место е токму Баерн Минхен со 18 репрезентативци, додека по 17 ќе имаат Арсенал и ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×