„Зидан си замина поради Бејл“

by
1 минути читање

Зинедин Зидан си
замина од Реал Мадрид бидејќи инсистирал на продажба на Герет Бејл, а во никој
случај не посакувал такво нешто со Кристијано Роналдо, вели Рамон Калдерон по
прашањето кое се уште е доста актуелно.

Зидан инсистираше
на продажба на Герет Бејл, повеќе ја преферираше таа опција отколку продажба на
Кристијано Роналдо
“ посочи поранешниот претседател на шпанскиот гигант.

Наместо тоа,
Перез го направи спротивното, Зидан сакаше да има целосна контрола на
купувањето и продавањето на фудбалери, тој сакаше да ја има конечната одлука по
тие прашања, но, неговите сугестии беа игнорирани, а потоа реши да си замине,
Зидан го направи вистинскиот потег
“ додаде Калдерон во изјавата за АС.

Зидан си замина
од Мадрид, а неколку седмици потоа си замина и Роналдо кој за 100 милиони евра
направи трансфер во екипата на Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани