Жоао Феликс во последниот ден од преодниот рок ќе се пресели во Милан!?

by riste
1 минути читање

Милан и Челси се во преговори за трансфер на Жоао Феликс, тоа би можело да биде една од најатрактивните зделки во последниот ден од преодниот рок.

Според „Скај Спорт Италија“, Милан и Челси водат интензивни преговори за Жоао Феликс.

Челси инсистира тоа да биде позајмица до крајот на сезоната со обврска Феликс да биде целосно откупен од страна на Милан.

Денеска е последен ден од преодниот рок, па набрзо треба да се знае дали овој трансфер ќе се реализира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани