Жирона победи првпат по 11 меча, Миовски влезе во финишот! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Жирона оствари исклучително важна победа во борбата за опстанок откако со 1-0 ја совлада Мајорка на домашен терен.

Постот без победа за Жирона траеше дури 11 натпревари, конечно навивачите на овој тим се израдуваа на триумф.

Единствениот гол на натпреварот падна уште во десетата минута кога Стуани погоди за водство од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Миовски во игра влезе во 87. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани