512
Бекот на Арсенал, Мајлс Луис Скели избегна суспензија од три меча откако беше успешна жалбата на клубот против неговиот црвен картон добиен во победата над Вулвс.
Судијата Мајкл Оливер му покажа директен црвен картон на Луис Скели по старт врз Мет Доерти. Фановите на Арсенал беа бесни на судиската одлука сметајќи дека таа е престрога.
На крајот тоа се покажа како исправно. Арсенал поднесе жалба која беше уважена.
Црвениот картон на Луис Скели е поништен и тој ќе биде во комбинација за дербито против Манчестер Сити.
„Јасно е дека сум многу среќен со донесената одлука, Мајлс ќе биде во комбинација за настап“, рече Артета.