Земјотрес ѝ претходеше на прес-конференцијата на тренерот на Бенфика во Лисабон (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Бенфика ќе го дочека Монако во реванш дуелот од плеј-офот во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

На вчерашната прес-конференција пред натпреварот се случи интересна сцена. Имено, пред тренерот Бруно Лаж да седне на столчето имаше земјотрес.

Според информациите станува збор за замјотрес со магнитуда од 4,7 степени по скалата на Рихтер. Лаж набргу седна на столчето и побара од новинарите присебност и да не паничат, а потоа започна и обраќањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани