Ждрепката во Копа дел Реј донесе „Ел Класико“ и проблеми во распоредот

by
1 минути читање

Попладнево беше
извршена ждрепката за полуфиналето во Копа дел Реј, Реал Мадрид ќе излезе на
мегдан со Барселона а Осасуна ќе игра против Атлетик Билбао.

Оваа фаза од
натпреварувањето е единствена со пресметка дома-гости, па љубителите на
фудбалерот ќе можат да уживаат во две дополнителни „Ел класико“ пресметки.

Поради настапот
на Реал Мадрид на Светското клупско првенство, термините за натпреварите ќе
бидат променети, па првите дуели ќе се играат во периодот 28. февруари, 1. март
или 2. март на „Ел Садар“ односно „Сантијаго Бернабеу“.

Реваншите пак ќе
бидат во периодот 4. април, 5. април или 6. април на „Сан Мамес“, односно на
„Камп Ноу“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани