Арсенал
изминатиов викенд обезбеди победа од исклучително значење против еден од
директните ривали за топ четири во Премиерлигата, Челси, над кого славеше на
домашен терен со 2-0.
Ектор Бељерин
беше еден од најзаслужните играчи во домашниот табор, а шпанскиот бек
асистираше во првиот гол за Топчиите, но мораше предвреме да го напушти
теренот, поточно во 72. минута, поради повреда по која ќе отсуствува подолг
период.
За Бељерин
сезонава веќе заврши, а тој би можел да биде вон комбинација за настап во тимот
на Емери до цели девет месеци, по лекарските прегледи кои се извршени врз
фудбалерот, на кои се воочи тешка повреда на лигаментите.
Шпанецот оваа
сезона мака мачи со повредите, а ова за него е нова повреда, овој пат од потежок
карактер, по првиот настап по пет недели пауза, откако се здоби со повреда и во
декември по дуелот со Саутемптон.