Мурињо денеска ќе го води Реал на Бернабеу – првпат по 13 години!

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо ова лето пристигна во Реал Мадрид со јасна задача, да го врати кралскиот клуб на врвот во Шпанија, но и во Европа.

Португалецот веќе го имаше официјалното второ деби на клупата на Реал Мадрид, но тоа беше во Барселона против Еспањол. Откако се врати, првиот официјален меч на Бернабеу му е вечерва од 21 часот против Реал Сосиедад.

Последниот натпревар на Бернабеу како тренер на Реал Мадрид го имаше на 1 јуни 2013 година кога ја победи Осасуна со 4-2.

Реал Мадрид две сезони по ред е без освоен трофеј, тоа го вклучи алармот во раководството на кралскиот клуб и одлуката падна да се донесе Мурињо, тренер кој знае како се победува, но и човек кој би требало да може да ја контролира соблекувалната полна со его.

За Португалецот ова ќе биде и враќање на најголемата сцена со оглед на тоа што последните клубови кои ги водеше беа Тотнем, Рома, Фенербахче и Бенфика.

Мурињо има супер тим во Реал Мадрид, широк состав и ги има сите услови да успее, од португалскиот стратег зависи какво ќе биде неговото второ поглавје во кралскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×