Затвореникот Робињо откри: Немам привилегии, фудбал играме само во недела, а главни се…

by 24 фудбал
1 минути читање

Многумина го гледаа како нова голема ѕвезда на Бразил, му се најавуваше блескава кариера во Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан. Но денес Робињо ја отслужува својата деветгодишна затворска казна за силување за кое беше осуден во 2022 година. Бразилецот проговори за животот зад решетки. Неговата последна жалба беше одбиена и ќе остане во затвор до крајот на казната.

Моите оброци и часови за спиење се исти како и кај останатите затвореници. Никогаш не сум јадел поинаква храна, ниту сум добил поинаков третман. Работам сè што можам исто како и сите други. Фудбал ни е дозволено да играме само во недела“ изјави Робињо.

Тој истакнува дека немал никакви привилегии додека e во затворот.

Посетите се во сабота или недела. Кога доаѓа мојата сопруга, не доаѓа сама туку со моите деца. Посетите и третманот се исти за сите. Тука сум една и пол година и никогаш не сум имал никаква кавга па дури ни за време на фудбалот. Никогаш не сум имал никаква лидерска улога тука, ниту каде било. Тука чуварите се главни, а ние затворениците само се покоруваме. Не сум поинаков затоа што сум бил фудбалер“, заклучи Бразилецот.

Од светска фудбалска ѕвезда до човек кој живее далеку од славата, Робињо го поминуваше најтешкото поглавје во својот живот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×