56
ЦР7 веројатно е
најдобрата атлета во светот на фудбалот, тестовите кои неодамна му беа
направени покажаа дека тој има тело на 20
годишен фудбалер. Ова се постигнува само со напорна работа, и добро познато е
дека Кристијано Роналдо често знае да го помине слободното време во теретана
или дома да прави вежби.
Па стартот на
2019 не е исклучок, Кристијано Роналдо на социјалните мрежи сподели видео од
ноќно трчање во пустината додека е на одмор во Дубаи. По крајот на првиот дел
од сезоната во Серија А, Португалецот со своето семејство замина за Обединетите
Арапски Емирати каде ја прослави Новата година.