Официјално: Тотнем донесе уште едно големо засилување – потпиша со Мармуш!

by riste
1 минути читање

Клубот од Северен Лондон не престанува да троши ова лето, го имаат најскапиот преоден рок во својата историја, а последно засилување е Омар Мармуш.

Египетскиот фудбалер во Тотнем пристигнува од Манчестер Сити, прво ќе игра на позајмица, но со обврска да биде откупен следното лето за сума од околу 60 милиони фунти.

„Со задоволство можеме да го објавиме потпишувањето со египетскиот офанзивен фудбалер Омар Мармуш на едногодишна позајмица. Договорот предвидува обврска трансферот да стане перманентен следното лето“, соопшти клубот.

Мармуш пристигна и како сериозно засилување на Манчестер Сити, но не се наметна како прв избор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×