Манчестер сити во јануарскиот преоден рок во своите редови доведе четири засилувања, но нема да може да смета на сите нив во Лигата на шампионите.
Лигата на шампионите има правило според кое во паузата помеѓу првиот и вториот дел од сезоната клубовите можат да пријават само тројца нови фудбалери.
„Граѓаните“ во овој преоден рок се засилија со: Абдукодир Кусанов, Нико Гонзалес, Омар Мармуш и Витор Реис. Еден од овие четворица мораше да отпадне, а Гвардиола на крајот одлучи во Лигата на шампионите да не смета на Витор Реис.
Реис во редовите на Манчестер сити пристигна од Спортинг во трансфер вреден 35 милиони евра.
Одлична вест за навивачите е што пријавен е и Родри, па така може да се очекува Шпанецот да се врати побрзо од очекуваното на терените.