Заниоло се предомислил, но било доцна, Борнмут купи друг фудбалер

by
1 минути читање

Заниоло две сезони од својот престој во Рома беше повреден, минатата сезона беше солидна за него, го постигна и голот во финалето на Конференциската лига кој донесе трофеј за волчицата, но сега почнува пеколот за него во кој самиот се стави.

Пред извесно време Заниоло побара да биде продаден, единствената понуда која беше задоволувачка за Рома беше од Борнмут, но фудбалерот одби да се пресели таму.

Откако виде дека ќе нема други понуди, а во Рома веќе нема да заигра, Заниоло се предомислил и решил да ја прифати понудата од Борнмут, тоа се случувало утринава.

Но, овојпат Борнмут одби. Откако Заниоло им кажа не, тие го купија Хамед Траоре од Сасуоло.

Поради тоа, Борнмут го одби Заниоло, англискиот клуб парите наменети за него, ги насочи за Траоре.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани