Заниоло бил подготвен да игра во Милан за помалку пари, но…

by
1 минути читање

Во последните денови од зимскиот преоден рок, Николо Заниоло беше ставен на продажба, Милан и Тотнем пројавија сериозен интерес но единствено Борнмут достави конкретен предлог.

Италијанецот не беше примамен од идејата да игра во клуб од Премиерлигата кој се бори за опстанок и на крајот се реши за авантура во Турција, во редовите на Галатасарај.

Во разговор со Кориере дело Спорт, мајката на Николо Заниоло ја раскажа нивната страна на приказната.

„Сакам да разјаснам една работа, Николо беше подготвен да игра за помалку пари во Милан или Тотнем, или да заработува колку што заработуваше во Рома. Но овие два клуба не можеа да пронајдат заеднички јазик со Рома“ – вели Франческа Коста.

„Потоа пристигна предлогот на Борнмут, и не е точно дека му понудија 5 милиони евра по сезона“.

„На крајот пристигна понуда од Галатасарај, и не се двоумевме многу бидејќи веднаш направија да се чувствуваме сакани, барани. Ни ставија јасно до знаење колку многу го посакуваат Николо, па не беше тешко да се договориме“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани