Занети: Проблемот со Икарди е решен, а сега да се фатиме за работа

by
4 минути читање

Потпретседателот
на Интер, а воедно и легенда на тој клуб, Хавиер Занети инсистира на тоа дека
проблемот со Мауро Икарди е веќе решен, а тој побара повеќе работа во периодот
кој претстои отколку зборови.

Аргентинскиот
напаѓач се врати на тренинзите во Интер оваа седмица, по цели 40 денови, откако
тврдеше дека е повреден, а медицинскиот тим на екипата говореше спротивно од
тие негови тврдења, а сето тоа се случи откако клубот му ја одзеде капитентската
лента.

Проблемот е веќе
решен, сега најважното нешто е да се фокусираме на целите кои клубот ги има
поставено
“ рече Затени во изјава за Скај Спорт Италија.

Премногу беше
кажано изминатиов период на оваа тема, сега потребна ни е работа отколку
зборови, ние имаме уште десет меча преостанати и мораме да се држиме заедно за
да ги постигнеме резултатите кои ги поставивме како цел за сезонава
“ додаде
Занети заклучувајќи дека главната цел е место во Лигата на шампионите за идната
сезона.

Со Лаутаро
Мартинез на листата на повредени фудбалери, речиси извесно е дека Лучијано
Спалети дербито со Лацио на домашен терен во недела ќе го почне токму со
Икарди, а неизвесно е како ќе реагираат навивачите на Нероаѕурите кон Икарди.


@2024 – Сите права задржани