474
Лео Меси е дамнешен сон на Интер, поранешниот прв човек Масимо Морати имаше обид да го донесе фудбалерот на „Џузепе Меаца“ кога Аргентинецот беше тинејџер и почнуваше да се пробива на фудбалската сцена.
Кога Лео Меси ја напушти Барселона летото во 2021 година, имаше гласини за преселба во Милано а Хавиер Занети сега откри колку имало вистина во шпекулациите.
„Бев изненаден кога Меси ја напушти Барселона“ – вели потпретседателот на Интер.
„Имаме добар рапорт, па разговаравме. Но не можеме финансиски да се носиме со ПСЖ или клубовите од Премиерлигата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.