Занети објасни зошто Интер го ангажира Конте

by
1 минути читање

Потпретседателот
на Интер, како и легенда на тој клуб, Хавиер Занети ја објасни одлуката на „Нероаѕурите“
да го ангажираат Антонио Конте, а Аргентинецот убедува дека станува збор за
амбициозен проект.

Ова е амбициозен
проект, го доведовме Конте поради неговото големо искуство, како и принципот на
макотрпна работа кој го негува
“ рече Занети, а потоа се надоврза и на големото
дерби на Милано кое се игра вечерва.

Дербито секогаш
е нешто посебно, тоа е посебен меч, тимот е во одлична форма, но знаеме дека
сите дерби пресметки се тешки, но истовремено и од големо значење
“ додаде
Занети во пресрет на дербито со Милан.

Како што
пренесуваат од Италија, на вечерашното дерби во Милано ќе има големи имиња на
гледалиштето, вклучувајќи го и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино,
легендарниот Христо Стоичков, легендарниот тенисер Борис Бекер, како и
поранешниот напаѓач на Интер и Милан, Роналдо.

Што се однесува
пак до Интер, Антонио Конте тргна доста добро, па така по три одиграни кола
Интер е на врвот на табелата во Серија А со максимални три победи досега,
меѓутоа „Нероаѕурите“ тргнаа со кикс против Славија Прага во првото коло од
Лигата на шампионите, играјќи само реми со резултат од 1-1 на свој терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани