Салах многу брзо стана миленик во Турција, ќе добие и улица со своето име

by Стефан
1 минути читање

Мохамед Салах се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради случувањата на фудбалскиот терен. Египетската ѕвезда доби несекојдневна чест за време на престојот во Турција.

Градоначалникот на општината Јомра, во провинцијата Трабзон, Мустафа Бијик, наводно решил да му приреди посебно признание на познатиот фудбалер откако дознал дека Салах ќе престојува токму во ова подрачје.

Според информациите од турските медиуми, Бијик предложил улицата на која во иднина би живеел Салах да го носи името на египетскиот фудбалер, „Улица Мохамед Салах“.

Со ваквиот потег локалните власти сакаат да му оддадат почит на еден од најпознатите светски фудбалери, но и да ја искористат неговата популарност за дополнителна промоција на Трабзон и Турција како туристичка и спортска дестинација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×