Неверојатно: Тинејџер од 18 години на „Снепчет“ договорал киднапирање на Мбапе?!

by Стефан
1 минути читање

Француската полиција открила неверојатен криминален план во кој главна улога имал 18-годишен затвореник, кој од својата ќелија, наводно, организирал киднапирања на богати и познати лица. Меѓу потенцијалните мети се нашол и фудбалскиот ас Килијан Мбапе, објави францускиот весник „Ле Паризиен“.

Според информациите на француските медиуми, осомничениот, идентификуван како Клеман Л., преку „Снепчет“ комуницирал со соработници кои биле на слобода. Користејќи го псевдонимот „Лестер З“, тој, наводно, им давал инструкции за реализација на криминалните планови.

Случајот бил откриен откако затворските власти му пронашле два мобилни телефони во ќелијата. По анализата на уредите, истражителите дошле до материјал кој дополнително ја алармирал полицијата.

Имено, во телефоните бил пронајден список со имиња и домашни адреси на 26 богати лица кои, според сомнежите на истрагата, биле потенцијални цели за киднапирање и изнуда. На списокот, меѓу останатите, се наоѓале и познат трговец со месо на големо и еден познат часовничар.

Сепак, посебно внимание предизвикала адресата на Килијан Мбапе. Името на ѕвездата на Реал Мадрид и капитенот на француската репрезентација се нашло меѓу потенцијалните жртви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×