Лаутаро Мартинез го потврди интересот на Барса, но вели дека ќе го напушти Интер само под еден услов

by bojan
1 минути читање

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез потврди дека Барселона пројавила интерес за неговите услови, но вели дека не сака да го напушти Милано и ќе размисли за трансфер само доколку клубот му каже дека повеќе не е потребен.

Во последните денови од летниот преоден рок, името на Лаутаро Мартинез беше поврзано со трансфер во Барселона.

„Каталонците“ не можеа да направат прогрес во преговорите со Атлетико Мадрид за ангажман на Хулијан Алварез, па почнаа да разгледуваат алтернативи, и една од нив беше капитенот на Интер.

„Кога ќе стигнат вакви понуди и ќе има интерес од други клубови, чувството секогаш е убаво бидејќи покажува дека работиш добро и дека си на врвот. Гласините беа вистините, но јас немав дилема околу тоа што сакам. Сакав да останам тука, со моите соиграчи и со овие прекрасни навивачи. Би останал засекогаш. Се додека клубот ме сака, и се додека можам да бидам од корист, ќе останам тука“ – вели Аргентинецот.

„Но знаеме како функционираат работите во фудбалот. Кога повеќе не си потребен, те отпишуваат“.

„Сепак, мојата одлука и мојата намера се јасни. За мене Интер значи гордост, среќа и желба да продолжам понатаму. Повторно избрав да останам тука и сакам да направам големи работи за Интер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×