19
Манчестер Сити и официјално го објави трансферот на Енцо Фернандез од Челси за чија реализација го урна клупскиот рекорд.
Сити за овој трансфер ќе плати 125 милиони фунти што е најмногу во историјата на клубот. Воедно ова е и израмнување на рекордот во Премиер лигата. Ливерпул за Исак плати исто 125 милиони фунти.
„Манчестер Сити го комплетираше потпишувањето на Енцо Фернандез од Челси, тој стави потпис на петгодишен договор. Аргентинецот ќе остане на Етихад до летото 2031 година“, стои во соопштнието на англискиот клуб.
Introducing our new Argentinian Blue 🇦🇷🩵 pic.twitter.com/nEHQ1oM855
— Manchester City (@ManCity) September 1, 2026