Тажна вест од Сплит: Хајдук се збогува со една од своите најголемите легенди

by Стефан
1 минути читање

Сплит и хрватскиот фудбал се завиени во црно. На 67-годишна возраст почина Иван Гудељ, една од најголемите легенди на Хајдук и фудбалер кој остави длабока трага во историјата на сплитскиот клуб.

Гудељ во дресот на Хајдук одигра 362 натпревари и постигна 93 гола. Со тимот од „Пољуд“ стигна до титулата шампион на Југославија, а освои и два Купа. Со своите настапи и квалитет, тој се наметна како еден од најдобрите фудбалери од својата генерација и уживаше огромна популарност меѓу навивачите на Хајдук.

Беше стандарден и во репрезентацијата на Југославија, за која настапи 33 пати. Беше дел од составот на Светското првенство во Шпанија во 1982 година, каде што успеа да се запише и во листата на стрелците, а настапи и на Европското првенство две години подоцна.

И покрај блескавите игри и големиот потенцијал, неговата кариера заврши многу порано од очекуваното. Тешката болест го принуди Гудељ да ги напушти професионалните фудбалски терени на само 26 години, токму во периодот кога се наоѓаше на врвот и кога му се предвидуваше успешна кариера и надвор од поранешна Југославија.

По прераниот крај на играчката кариера, Гудељ остана верен на фудбалот. Работеше како тренер и фудбалски работник, а значаен дел од својата кариера го посвети и на младинските селекции на Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×