Занети: Мечот со Барселона е многу значаен за нас, ќе ни покаже каде сме во моментов

by
1 минути читање

Легендата на
Интер, Хавиер Занети смета дека денешната пресметка со Барселона на „Камп Ноу“
во второто коло од Лигата на шампионите ќе биде слика за тоа каде се наоѓа во
моментов италијанскиот прволигаш.

Во моментов Интер
е непрепознатлив во Италија, со шест максимални победи во Серија А во новата
сезона од тоа првенство, а тргна со реми од 1-1 против Славија Прага на домашен
терен во воведното коло од елитното европско клупско натпреварување.

Ова е меч од
исклучително значење, сите натпревари се значајни, но овој е посебно значаен,
се среќаваат две екипи со богата историја и традиција, едвај го чекам овој
натпревар. Меси? Го знам многу добро, знаеме за каков фудбалер се работи, а да
го имате како противник на теренот секогаш носи компликации во играта, имавме
одличен старт на новата сезона, но, истата е долга, патот исто така
“ вели
Занети во интервјуто за официјалниот сајт на УЕФА.

Мечот со
Барселона е од големо значење за нас и бидејќи ќе ни демонстрира каде сме во
моментов, фаворит? Не постојат фаворити во вакви натпревари, се среќаваат две
одлични екипи со исклучително квалитетни фудбалери во своите состави, играњето
тука е секогаш тешко, но веруваме во себе
“ додаде Аргентинецот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×