За првпат еден тренер искористи виолетов картон (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на кадетската репрезентација на Хрватска, Маријан Будимир, го искористи новото правило со виолетов картон на Светското првенство до 17 години во дуелот против Сенегал, новитет на ФИФА кој е во фаза на тестираање.

Во самиот финиш од натпреварот, кој заврши без голови (0-0), Будимир го подигна виолетовиот картон и го активираше своето право на т.н. „челинџ“, сличен систем како оној во тенисот.

Повод за реакцијата беше спорна ситуација во шеснаесетникот на Сенегал, кога нивниот голман истрча по топката, а во него налета хрватскиот фудбалер. Главниот судија сепак процени дека нема основа за пенал.

Според новото правило, секој тренер има право на два „челинџи“ во текот на натпреварот. Ако првиот се покаже како оправдан, правото останува, се губи само во случај кога тренерот не е во право.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×