161
Пламнаа влезниците за југ и север кои чинеа од 150 до 300 денари, па поради големиот интерес ФФМ одлучи да пушти дополнителен број на билети.
Цената за билет за источната и западната трибина ќе биде 100 денари. Влезниците ќе можат да се купат преку продажната мрежа на МК Тикетс.
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложен документ за идентификација.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра во недела со почеток од 18 часот.