Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан го договорил трансферот на Марио Хила од Лацио во зделка вредна околу 30 милиони евра сосе бонуси.
Рубен Аморим го добива второто засилување, по Гонсало Рамош, на Сан Сиро ќе пристигне Марио Хила од Лацио.
Ангажман на нов дефанзивец беше еден од приоритетите на Милан, изминативе денови се шпекулираше неколку имиња блиски до агентот Жорж Мендеш или Спортинг Лисабон (поранешниот клуб на Аморим), но „росонерите“ на крајот го договорија играчот кој го препорача Макс Алегри.
Иако се чинеше дека Марио Хила би може да замине во Наполи заедно со Макс Алегри, а интерес за Шпанецот пројави и Аталанта, во последните денови Милан повторно ја активираше операцијата и за брзо време биле испеглани сите детали.
Клубот од Сан Сиро на Лацио ќе му плати 25 милиони евра, како и дополнителни 5 милиони евра во бонуси, а Марио Хила ќе стави потпис на петгодишен договор со плата од околу 4,5-5 милиони евра по сезона.