Италија втор
циклус по ред не успева да обезбеди настап на мундијал. „Аѕурите“ потфрлија во
квалификациите, испуштија неколку прилики да го обезбедат првото место во
групата за синоќа да бидат шокирано на стартот од баражот.
Македонија приреди
огромно изненадување, славеше со 0-1 во Палермо и ја елиминираше Италија. Херој на „црвено-жолтите“
беше Александар Трајковски кој прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 0-1 и големо славје.
Виновници има
многу, некои сметаат дека Џиџо Донарума можел да реагира подобро и да одбрани,
други му замеруваат на Жоржињо, кој наместо да мисли како да го блокира
напаѓачот, бараше играње со рака.
Има и такви го
впрстот го вперуваат во нападот, фудбалерите од офанзивата кои синоќа играа
против Македонија вредат повеќе од 100 милиони евра (според Трансфермаркт,
Имобиле вреди 30 милиони евра, Берарди вреди 35 милиони евра, Инсиње вреди 25
милиони евра а Распадори вреди 28 милиони евра) а во овие квалфикации тие
заедно имаат постигнато само 4 погодока.
Нашиот Александар
Трајковски, кој според Трансфермаркт вредел 350.000 евра во декември, има 5
погодока, односно повеќе од сите овие скапи ѕвезди на „аѕурите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.
Фото: ФФМ