Возиња само што најде нов клуб се соочи и со неочекуван проблем

by Стефан
1 минути читање

Сензацијата од Светското првенств, голманот на Зеленортските Острови, Жозимар Жозе Евора Дијаш, познат како Возиња, официјално е нов член на чилеанскиот гигант Коло Коло. Сепак, веднаш по потпишувањето на договорот се соочи со необично правило кое нема да му оди во прилог.

Возиња, кој со своите одлични настапи беше избран и во идеалниот тим на Светското првенство, нема да може да го носи својот препознатлив прекар на дресот. Причината е правилникот на чилеанската лига, според кој на задниот дел од дресот смее да биде испишано исклучиво официјалното презиме на фудбалерот, а не прекар или псевдоним.

Тоа значи дека искусниот чувар на мрежата ќе мора да се одлучи дали на неговиот дрес ќе стои „Евора“ или „Дијаш“, освен доколку Коло Коло не успее да добие специјална дозвола од надлежните органи за да му биде дозволено да настапува со „Возиња“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×