Воска Спорт потпиша со нигериски напаѓач

by
1 минути читање

Воска во ПМФЛ ќе напаѓа со нигериско оружје, се работи за крилен напаѓач кој доаѓа од Турција.

„Воска Спорт со задоволство соопштува дека Нигериецот, Сикиру Олтунбосун од денеска е дел од нашиот тим. Тој е крилен напаѓач, кој доаѓа како слободен играч, а до неодамна беше дел од Тузласпор од турската прва лига“, се вели во дел од соопштението на Воска.

Сикиру Олтунбосун веќе неколку дена тренира со Воска и одигра два пријателски меча на кои постигнал голови. Раководството на клубот било задоволно од тоа што го видело и потпишан е двогодишен договор.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани