Франциски„Л’Екип“ ја суспендираше својата водителка Франс Пјерон, откако претходно се огради од нејзините критики упатени кон белгискиот фудбалер Жереми Доку, кој побара да го напушти Светското првенство за да присуствува на раѓањето на своето прво дете.
„Екип“ исто така му се извини на Доку и наведе дека коментарите на Франс Пјерон не ги претставуваат вредностите на оваа медиумска куќа.
Пјерон, за време на гостувањето во една телевизиска емисија во петокот го критикуваше потегот на Доку.
„Постојат стотици фудбалери кои би направиле сè за да бидат на твоето место“, порача Пјерон.
Инаку, сопругата на Доку, Ширин, треба да го роди нивниот син на почетокот на јули, период во кој Белгија се надева дека ќе игра во нокаут-фазата на Светското првенство.
„Никој не сака да го пропушти раѓањето на своето дете“, изјави 24-годишниот Доку како одговор на обвинувањата.
Пјерон ги доведе во прашање приоритетите на Доку, наведувајќи дека тој „живее детски сон“.
„Тоа што се случува на Мундијалот можеби никогаш повеќе нема да му се повтори во животот“, изјави таа.
🚨 France Pierron est SUSPENDUE D'ANTENNE par La Chaîne L'Équipe après ses propos polémiques sur Jérémy Doku 🇧🇪.
— Actu Foot (@ActuFoot_) June 21, 2026
La journaliste ne présentera pas "L'Équipe de choc" ce lundi.
🗞️ @clem_garin pic.twitter.com/qnUXllrgX7