Во Тетекс има војна меѓу старото и новото раководство

by
1 минути читање

Кога беше назначена новата управа, дел од навивачите го кренаа гласот незадоволни од некои луѓе кои влегоа во клубот. 

Новата гарнитура во Тетекс сега објави дека старото раководство направило долг од 2 милиони денари, посочија дека добивале закани, и најавија пријави во МВР и ФФМ.

Соопштението на новото раководство ви го пренесуваме во целост:

„Упатуваме апел до сите фудбалери кои следната сезона нема да бидат дел од ФК Тетекс, за се што се договарале со старото раководство, да се обратат кај нив, односно кај раководството што ги распродаваше клупскиѕе интереси и кои го оставија клубот со исклучена струја и долгови од околу 2 милиони денари.

Истовремено упатуваме апел до старото раководство и до луѓето блиски до нив дека заканите кон ченовите на УО и Претседателот на ФК Тетекс и за нивните приватни бизниси ќе бидат пријавени кај надлежните институции. Заканите на поранешниот шеф на стручен штаб дека “сите негови судии следната сезона ќе судат на штета на ФК Тетекс”, ќе бидат проследени до ФФМ за да се утврди кој навистина “ги поседува овие судии” и на кого точно тоа се однесува.

За сите закани и искажани невистини од страна старото раководство, луѓето блиски но нив и екс шефот на стручниот штаб ќе биде известена МВР.

Можеме само да им порачаме да си го сервисираат долгот кој го оставија на клубот.

п.с. Оставете не да работиме на раат за доброто на клубот.“, соопштија од клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×