Во Саудиска Арабија и отказите рушат рекорди, Гаљардо од Ал Итихад чека огромна сума!

by bojan
1 минути читање
Гаљардо

Марсело Гаљардо и Ал Итихад во скоро време треба да ја финализираат разделбата, а како што пишуваат медиумите, стратегот и неговиот персонал чекаат компензација во висина од околу 30 милиони евра.

Марсељо Гаљардо во ноември минатата година седна на клупата на Ал Итихад, но откако влезе во војна со првата ѕвезда Карим Бензема и не ги подобри резултатите, доби отказ во финишот од сезоната.

Се очекува во скоро време двете страни да ја финализираат разделбата, а како и многу други работи во Саудиска Арабија, отказот ќе руши рекорди во светот на фудбалот.

Како што пишуваат медиумите, стратегот од Аргентина и неговиот персонал ги чека компензација во висина од околу 30 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани