Во Наполи веќе планираат како ќе го слават Скудетото

by
1 минути читање

На 15 кола до крајот, Наполи има 15 бода предност пред Интер. Според формата во која се наоѓаат Наполитанците и останатите, изгледа невозможно некој друг да биде шампион освен тие.

Иако јавно велат дека расмислуваат само за следниот натпревар, се чини дека и во Наполи им е јасно дека Скудетото ќе биде во нивните раце.

„Ла Република“ пишува дека веќе е планирано славјето да се случи на плоштадот Плебискито на 4. јуни откако ќе заврши сезоната. Засега се знае дека настап ќе има и популарниот италијански пејач, Џиџи Д’Алесио.

Има идеја и да се организираат посебни настани во предградието на истиот ден, со цел да се избегне пренатрупување во центарот на градот.

Неапол е огромен град, трет по големина во Италија, а има само еден клуб, па се очекува на денот на прославата да се случи вистински хаос. Клубот и градот уште сега ги разгледуваат опциите како би можело најбезболно да помине големото славје.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×