Беше тоа лудо прво полувреме со пет голови. Шкупи поведе со гол на Цефас во 12. минута, но Академија Пандев со голови на Крстевски и Руфати направи комплетен пресврт и поведе со 2-1.
Но, имаше уште еден пресврт во првиот дел, Данфа и Хамиди погодија за водство на Шкупи од 3-2. Со тој резултат се замина на одморот.
Во вториот дел имаше само еден гол, кога сите очекуваа дека Шкупи ќе ја задржи предноста, резервистот Трајков постигна гол за израмнување на 3-3.
Денеска се играше и мечот меѓу Работнички и Скопје, романтичарите славеа со убедливи 4-0. Велкоски постигна хет-трик, Марселин даде еден погодок.
Утре играат: Брегалница – Шкендија, Македонија ЃП – Тиквеш и Победа – Силекс. Слободна е екипата на Струга ТЛ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.