Манчестер јунајтед и оваа сезона игра под очекувањата и бележи слаби резултати, а тоа се одразува и на финансиската ситуација во клубот.
Според последните информации од Островот ,,црвените ѓаволи” ќе мора да продаваат фудбалери во летниот преоден рок за да си обезбеди финансиски средства за засилувања претстојното лето.
Иако во овој преоден рок се ослободија од Рашфорд и Антони, поранешниот англиски шампион нема многу пари за нови играчи.
На Олд Трафорд зимава пристигнаа само Доргу од Лече за 25 милиони и Ејдан Хејвен од Арсенал за 1,5 милиони фунти.
Извесно е дека на крајот на сезоната, на продажба ќе бидат Гарначо и Мејну од кои клубот би можел да собере околу 150 милиони фунти и потоа, евентуално, да донесе нови играчи, но секако ќе мора да донесе и замени за нив. Тука може да се додаде и Рашфорд кој би донел околу 40 милиони евра ако Астон вила се одлучи да го откупи.