Во Каљари „грмат“ по вчерашната контроверзна победа на „Старата Дама“: Ако Јуве секогаш треба да победува, кажете ни!

by
2 минути читање

„Старата Дама“
синоќа забележа тешко издвојувана победа на Сицилија благодарејќи на голот на
Бернардески, кој падна во контроверзни услови бидејќи еден играч на домаќините
лежеше на тревата откако доби лакт во лице од Меди Бантија а гостите одбија да
ја исфрлат топката во аут.

Неколку минути
подоцна се случи нов спорен момент, Бернардески играше со рака во сопствениот
шеснаесетник. Судијата Калварезе категорично одмавна, а не сакаше ниту да го
прегледа целиот инцидент со ВАР, и имаше само кратка дискусија со арбитрите кои
се задолжени за повторените снимки.

„Ова што го видов
вечерва е неприфатливо, бидејќи ова е лажно првенство
– вели претседателот на Каљари, Томазо
Џулини.

„Една работа е да
се креира конкуретно првенство, но друга работа е првенство во кое големите
тимови мора да победат. Ако големите секогаш треба да победуваат, ника ни кажат!

„Не можам да
поверувам дека Калварезе не сакаше на ВАР да прегледа ваков момент, тоа е
неверојатно, тоа е апсурдно
.

„Бевме оштетени и
против Рома, останавме со празни раце во натпревари на кој заслуживме бодови.
Не можам да прифатам пораз на ваков начин
.

„А да не
заборавиме и дека при голот на Бернардески имаше фаул од Бенатија и Јувентус ја
затресе мрежата кога Паволети лежеше на тревата….

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани