Манчестер јунајтед направи голем чекор кон спектакуларниот проект за стадион од 100.000 гледачи

by Стефан
1 минути читање

Манчестер јунајтед направи значаен исчекор во реализацијата на амбициозниот проект за изградба на нов стадион со капацитет од 100.000 гледачи.

Клубот веќе го обезбеди најголемиот дел од земјиштето на кое е планирана изградбата, со што проектот влегува во нова фаза.

Извршниот директор на „црвените ѓаволи“, Омар Берада, потврди дека клубот останува целосно посветен на планот за изградба на новиот објект, а обезбедувањето на земјиштето го опиша како важен чекор во целиот процес.

Новиот стадион е дел од поширокиот план за трансформација на просторот околу „Олд Трафорд“. Целиот проект се проценува на околу две милијарди фунти, а доколку биде реализиран, Манчестер јунајтед ќе добие еден од најголемите стадиони во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×