Во Фенербахче донеле одлука за понудата на Атлетико Мадрид за Елмас

by
1 минути читање

Една од главните
теми во фудбалска Турција е секако прашањето за иднината на нашиот
репрезентативец, 19 годишниот член на Фенербахче, Елиф Елмас, за кого интерес
има од цела Европа, но, секако дека тимот од Истанбул трпеливо ќе ја сочека
својата шанса за голема заработка при негова евентуална продажба.

Атлетико Мадрид е
една од многуте екипи која пријави интерес за Македонецот, а во однос на
интересот на Јорганџиите се велеше дека тие веќе имале понуда до Фенербахче во
висина од 15 милиони евра, а дополнително во пакет го нудат и напаѓачот Никола
Калиниќ.

Сепак, „Фотомак“
извести дека раководството на Фенербахче донело конкретна одлука по прашањето
за Елмас
кој е обврзан на верност со клубот до 2022. година, првиот човек на клубот,
Али Коџ наводно нема намера да отстапи од својот став, а понудата на Атлетико е одбиена категорично.

Претседателот
на  Фенербахче категорично донесе став,
планот е да се задржи 19 годишниот фудбалер во составот за уште една сезона до
2022. година, Али Коџ нема да ја прифати понудата која е под бараната 23
милиони евра
пренесе турскиот медиум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани