Во Брајтон се мајтапат со Челси: На хигиеничарите им велиме да внимаваат да не добијат сериозна понуда!

by
1 минути читање

Челси минатото лето го купи Марк Кукуреља од Брајтон во зделка вредна околу 55+ милиони фунти, „сините“ потоа повторно тропнаа на вратата на „галебите“ и го ангажираа и тренерот Грем Потер.

Грем Потер со себе на „Стемфорд Бриџ“ однесе уште пет члена од тренерскиот персонал, а во Лондон завршија и две лица кои беа задолжени за трансферите на „Амекс“.

Во јануари, Челси се обиде да го ангажира и Моисес Каиседо, а интерес има и за Алексис Мек Алистер.

Па генералниот извршен директор, Пол Барбер не можеше да се воздржи и да не испрати зајадлив коментар.

„Немам ништо против да кренам телефон кога ѕвони Челси, освен кога станува збор за нашиот тренер“ – вели Пол Барбер.

„Им кажав на хигиеничарите да внимаваат, можно е да добијат сериозна понуда!“

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×